ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО НА ОСФАФ 2009

Превземете ги правилата за ОСФАФ 2009 adobe

 

Академскиот кино клуб го претставува 22-от Интернационален филмски фестивал - ОСФАФ, кој ќе се одржи на 23-ти и 24-ти Октомври 2009 во Скопје.

Право на учество на фестивалот има секој Македонски и странски филмски автор.

Секој автор може да испрати неограничен број на филмови.

На ОСФАФ 2009 учество може да земат:

  • Филмски аматери
  • Студенти на филм
  • Секој автор на непрофесионален (алтернативен) филм

Филмот треба да биде направен и наменет исклучиво за некомерцијални цели.

Секој филм кој е продуциран од професионална ТВ или филмска продукција нема да биде оценет од страна на жирито.

Филмот треба да биде направен во 2007, 2008 или 2009 година.

На фестивалот може да учествуваат филмови од сите филмски категории и жанрови. Филмот не треба да биде подолг од 30 минути.

Доколку филмот има дијалог, треба да има и соодветен превод и титлови во самиот филм на еден од следните јазици: Македонски или Англиски.

Филмовите може да бидат испратени во PAL систем на: VHS, S-VHS, miniDV, CD-ROM (AVI Microsoft DV компресија) и DVD формат.

Доколку пријавувате повеќе филмови, сите ваши филмови можете да ги испратите на една касета или CD/DVD , со тоа што треба да има 15 сек. пауза помеѓу секој филм.

Последен рок за испраќање на филмовите е:

21-ви Септември 2009 година (важи датумот на пошта).

Секој автор заедно со филмот треба да ја испрати и пријавата.
Пријавата треба да биде целосно пополнета и да биде спакувана заедно со филмот.

Секој филм, треба да има посебна пријава.

Филм кој што нема да има соодветно пополнета пријава нема да биде оцененет од страна на жирито.

Селекција на филмовите кои ќе се прикажуваат во официјална конкуренција ќе биде извршена од страна на стручно интернационално жири, составено од истакнати домашни и странски филмски работници.

Жирито ќе одлучува и за фестивалските награди. Филмовите ќе бидат чувани и прикажани во најдобри технички услови.

Филмовите испратени на DVD нема да бидат вратени.

За останатите формати, ве молиме во пријавата да назначите дали сакате вашите филмови да ви бидат вратени, или не.

Организаторите го задржуваат правото филмовите да бидат користени исклучиво за некомерцијална употреба за промоција на фестивалот во јавните медиуми.

Филмовите и пријавите можете да ги испратите на следнава адреса:

АКАДЕМСКИ КИНО КЛУБ
МК-1000 Скопје
П.Фах 410
МАКЕДОНИЈА


Дополнително назначете:

НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ, ИСКЛУЧИВО ЗА КУЛТУРНИ ЦЕЛИ